Првиот работен ден градоначалникот набљудуваше како се гради патеката во паркот!
Најави дека за кусо време улицата ќе биде готова и тој заедно со новинарите ќе прошета по неа.
Со бетонски плочки се пополнува единствената сообраќајница во градскиот парк чие реновирање заедно со асфалтирањето на улицата пред ЈКП Дервен ќе ја чини општината повеќе од 32 илјади евра. На првиот работен ден градоначалникот Славчо Чадиев дојде на увид за да види како изведувачот Урбан Инвест го реализира планираното. Најави дека кусо време целосно ќе заврши поплочувањето на патеката по што ќе се асвалтира и улицата пред комуналното претпријатие.
„Дојдов да направам увид на поплочувањето на 400 м2 површина која ќе го олесни пристапот до спортските терени и салата и же придонесе за побезбеден сообраќај во паркот. По ова ќе приостапиме кон уредување на градскиот сатадион особено во деловите кои преставуваат потенцијална опасност за граѓаните. По завршувањето на овие реботи ќе ве повикам заедно да прошетаме и да ги разгледаме изградените објекти“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.
Тој рече дека во моментов се работи и на реконструкција на патишта и улици на 11 локации во градот каде се крпат дупките и се менуваат азбесни цевки од водовоната мрежа./Б.Н.