Колев: Две до три седници на советот ќе се одржуваат секој месец!
За поефикасно работење претседателот на советот најави координација со двете советнички групи.
Во понеделник општинскиот совет ќе ја одржи втората седница на која се планирани 10 точки на дневен ред. Сите се за избор и именување на членови на комисии кои мора да ги разгледуваат точките пред тие да се најдат пред 23 – та советници.
„Неопходна беше потребата за свикување на седница за да се формираат комисиите кои се потребни за нормално функционирање на општинскиот совет. Јас за терминот контактирав и со координаторите на советничките групи, а и понатаму ќе имам пракса да го правам ова што сметам дека ќе придонесе работата да биде поефикасна остварувајќи ги потребите на граѓаните“, рече Александар Колев, пртседател на советот.
Тој најави дека ќе се работи со интензитет од две до три седници во месецот во зависност од потребите. Бидејќи престојат повеќе празници и неработни денови, најверојатно третата седница ќе биде закажана после десетти мај на која ќе се започне со носење на одлуки битни за велешани, рече Колев./Б.Н.