Полицајци, пожарникари и гости си ги одмерија силите во стрелаштво!
Објавено на 24 април, 2013 во 13:20
Во стрелачкиот клуб се одржа турнир во стрелање на 10 метри.
Натпреварувањето меѓу учесниците се одржа во две категории, машка и женска.
Според комисијата која го контролираше стрелањето конкуренцијата меѓу натпреварувачите е голема, но победникот ќе биде објавен дополнително.
Подеднакво прецизни стрелци се и пожарникарите и полицајците велат од таму.
Инаку овој турнир е по повод 7-ми мај Денот на полицијата која одлучи годинава наместо фудбалски или пинг-понг натпревари да организира стрелачки натпревар.
Но, до празникот на полицијата ќе се одржат уште неколку манифестации на кои вработените во СВР Велес ќе учествуваат и ќе го одбележат нивниот ден./Б.Н.