Јавното обвинителство Велес ќе добие нов обвинител
Објавено на 12 ноември, 2013 во 14:28
Советот на јавни обвинители веќе објави оглас за избор на јавен обвинител . Како посебен услов, кандидатите потребно е да имаат завршено Академија за судии и јавни обвинители и да ја достават потребната документација.
Потребно е да достават доказ за работен стаж, диплома за завршен Правен факултет и положен правосуден испит, како и уверение за завршена академија за судии и јавни обвинители до Советот на јавни обвинители на Република Македонија. .
Исто така распишан е оглас и за еден јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Штип. Кандидатите кои ќе конкурираат за штипското обвинителство, како посебен услов треба да имаат работно искуство од најмалку пет години стаж како јавен обвинител со потврдени резултати во работата.