Сакал да краде ракија, го фатил сопственикот!

Објавено на 7 февруари, 2014 во 10:35

Триесет и четири годишниот М.А од Кавадарци е фатен на дело додека се обидувал од куќа на улица Љубашка во Кавадарци да украде две туби од по десет литри домашна ракија.

Брзата интервенција и присебноста на сопственикот биле пресудни крадецот да не ја изврши кражбата.Веднаш била повикана полиција, а арамијата приведен во кавадаречката полиција, поради кривичното дело „кражба во обид“.

Дознаваме дека М. А пред полициските службеници признал и други кривични дела.

Полицијата апелира до граѓаните од општините Кавадарци и Росоман да посветат поголемо внимание за заштита на својот имот. Им се советува посебно на оние граѓани што живеат во станбени згради почесто да ги проверуваат подрумските простории и доколку забележат присуство на сомнителни лица или возила веднаш да повикаат полиција на бесплатниот број 192./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.