Ако мора да ги откорне општината ветува засадување на три пати повеќе дрвја пред Офицерски
Неколку дрвја од дрворедот пред Офицерски на општината и создаваат проблем со уредувањето на просторот. Според новиот проект најверојатно тие ќе треба да се откорнат за да се уреди тротоарот. Дрвјата имале големи корени кои го кревале асфалтот. За секое откорнато дрво во градот, ние ќе засадиме три нови, вети градоначалникот Славчо Чадиев. Најави и дрвореди низ главната улица, кои наместо со млади дрвца ќе бидат направени со веќе израснати дрвја.
Дрворед ќе има и пред објектот на поранешниот Офицерски дом, кој е во фаза на реконструкција. Во зависност од тоа колку дозволува буџетот за зеленило на општината, постепено ќе се прават дрворедите, најави Чадиев.
„Јас сакам секаде на направиме дрвореди, со веќе израснати дрвја, а не млади дрвца кои ќе треба да чекаме да посраснат и да ја развијат својата крошна. Израснатите дрвја се подобро рфешение, бидејќи тие потешко се уништуиваат и се крадат. Ние ќе направиме финансиска конструкција и веќе сме во преговори со фирми од кои ќе можеме да набавиме вакви дрвја иако се доста поскапи од младите садници, рече Чадиев.
Општината ќе интервенира и со повеќегодишните дрвја и во објектот на Офицерскиот дом. Но од таму ветуваат дека внмимателно ќе се селектираат и ќе се отстранат само оние кои се веќе дотрајани и ја нарушуваат стабилноста на подземната инсталација.
„Ќе бидеме крајно внимателни, пред да почнеме со реконструкција на објектот. Ќе ги отстраниме само оние кои со своите корени ја нарушуваат пешачката патека и ја стеснуваат. А тој тротоар се до потегот над новиот театар мора да се реконструира, рече Чадиев.
Инаку сечењето на повеќегодишни дрвја стана пракса во градот во последните неколку години. Од неколку зелени површини се откорнати десетици дрвја за кои реагираа и граѓаните и еколошките невладини организации./Д.С
