(ФОТО) Традиционално сите велешани на верскиот празник Источен петок Балаклија во посета на манастирот „Свети Димитрија“

Објавено на 25 април, 2014 во 12:23

На празникот Источен петок – Балаклија река од народ се слеа кон манастирот Свети Димитрија. Верниците го посетија верскиот објект, палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и берикет на семејствата. Празнувањето на денот храмот е вековна традиција во Велес. Започнува ноќта, пред празникот а завршува денеска на пладне. Сите ѓраѓани од сите страни на Велес одат пеш до манастирскиот комплекс.

И годинава се повтори добро познатата глетка во која возрасни и млади велешани и нивните деца во чест на празникот беа дел од поворките и стигнаа во манастирот. Тој е најстар духовен храм во градот, поточно на јужниот излез,  еднаш изграден и пет века затрупан за да биде спасен од Османлиите а потоа на темелите на стариот во 1820 година повторно бил изграден нов објект.

Сега при посетата на манастирот „Свети Димитрија“ се посетуваат и околните цркви и параклиси, на „Света Петка“, „Сбети Никола“, „Света Недела“, „Света Ана“. Во манастирскиот комплекс доаѓаат и многу гости од останатите градови во државата, особено по верувањето дека светецот им помага на граѓаните при неплодностчест. Манастирот ширум ги отвора своите врати и соби во кои токму  на празникот преноќуваат граѓани кои имаат ваков или сличен здравствен проблем.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.