ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ добија по двајца пратеници од Вардарскиот регион

Објавено на 28 април, 2014 во 10:32

Илија Димовски, Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ, Бетиане Китев и Марјанчо Николов од СДСМ се новите пратеници кои влегуваат во новиот состав на македонскиот парламент  и ќе ги застапуваат интересите на граѓаните од Вардарскиот регион.

Во Велес на гласање излегле 32.294 граѓани од вкупниот број запишани избирачи 46.548. Според ДИК, СДСМ освои 9563 гласа, ДПА-195, ДМ-293, ДУИ-1101, ВМРО-ДПМНЕ-18.123, НДМ-90, ГРОМ-945, КПМ-324, ВМРО-НП-366 и СДПМ-203 гласа. Избирачките одбори избројале и 1091 неважечко ливче.

Во Кавадарци од вкупниот број запишани избирачи 32.290 гласале 72,88% или 23.534 граѓани со право на глас. ВМРО-ДПМНЕ прослави победа со освоени 11.706 гласа, наспроти 6.739 гласа кои ги освои СДСМ. ГРОМ предводена од Панчо Минов доби подршка од 3.304 граѓани. Избројани се 666 неважечки ливчиња.

ВМРО-ДПМНЕ победи и во Неготино со освоени 6.814 гласа, наспроти 3.842 гласа освоени од СДСМ. Во оваа општина правото на глас го искористиле 77,81% од вкупниот број запишани избирачи 16.019.

Голема е разликата во гласови и во Росоман во корист на ВМРО-ДПМНЕ. За оваа партија гласале 1.427 граѓани, а за СДСМ 638. Утврдени се 95 неважечки ливчиња, а на гласање излегле 2650 граѓани од Росоман или 78,87% од вкупниот број избирачи.

Највисока излезност и на овие избори од општините во регионот е регистрирана во Демир Капија. Таму гласале 2751 граѓанин или 80,60% од вкупниот број избирачи 3413. Пребројани се 91 невачеко ливче, а во корист на ВМРО-ДПМНЕ гласале 1758 граѓани, додека за СДСМ; 709.

Убедлива победа ВМРО-ДПМНЕ извојува и во општина Чашка. Освои 1711 гласа, додека за опозиционата СДСМ гласале 552. Гласале 62,95% од вкупниот број граѓани со право на глас.

Голема е разликата на освоени гласови помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и во Свети Николе. За првата гласале 7.192 граѓани, а за втората партија 2.906. Евидентирани се 531 неважечко ливче, а на гласачките места се јавиле 77,17% од вкупниот број на избирачи.

1016 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, 445 за СДСМ е исходот од гласањето во Лозово. Таму е регистриран одзив од 78,86% од вкупниот број избирачи.

Со 1.197 гласови ВМРО-ДПМНЕ победи и во општина Градско. СДСМ овде освои 586 гласа. Излезноста е 72,81%

Официјалната оценка од претседателите на општинските изборни комисии е дека гласањето поминало во фер и демократска атмосфера, без посериозни нерегуларности кои би наштетиле на изборниот процес./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.