Врачени дипломите на дипломците од втората генерација на Техничко технолошкиот факултет во Велес
Дваесет и двајца студенти од втората генерација при Технолошко-техничкиот факултет во Велес денеска станаа дипломирани технолози и биотехнолози. Деканот им ги додели дипломите и им порача, да не запираат тука со своето образование туку да бидат упорни и истрајни во својот професионален развој во иднина. Да продолжат на пост дипломските студии или пак да започнат успешна кариера во некоја од прехрамбените капацитети во земјава.
„Задоволни сме многу бидејќи имаме студенти кои завршија со просек 10,00 и 9,53, така што многу се гордееме со нив. Се надевам дека што е можно поскоро ќе си најдат место на пазарот на трудот, рече Валентина Павлова, декан на факултетот.
„Се надевам дека овие студенти нема да запрат тука со своето образование, тоа е еден долг и континуиран процес. А ние како универзитет и факултет ќе се заложиме сите студенти да добијат рамноправен третман“, рече Јованка Тутевска, проректор на универзитет Св. Климент Охридски.
Задоволни од студирањето и со висок просек дипломираните студенти својата иднина ја гледаат како искусни и професионални технолози, но секогаш во чекор со науката во оваа област.
„Сега почнав како демонстратот тука на технолошко-техничкиот факултет, но планирам да продолжам во втор и трет циклус од студиите, рече Александар Савовски, дипломиран технолог.
Свеченото доделување на дипломите на студентите се вклопува и со одбележувањето на 35 годишнината од постоењето на Универзитетот Св. Климент оХридки во Битола./Д.С
