Велешани со поголема свест за заштита на животната средина

Објавено на 5 јуни, 2014 во 13:15

Граѓаните се грижат за екологијата и се почесто употребуваат обновливи извори на енергија. Со ваков став денеска излезе еколошкото друштво „Вила Зора“ на одбележувањето на светскиот ден за заштита на животната средина. Но според нив грижата за животната средина не треба да се потенцира само на овој ден.

„Во годината има вакви денови кога се одбележува животната средина или ден на планетата земја. Но тоа е само еден ден. Грижата за животната средина треба да биде континуирана. Потребно е да се користат обновливи изори на енергија ,сончева енергија и велосипед како преозно средство„ рече Сашка Коцевска, ЕД Вила Зора.

Топилничарската згура се уште е најголемиот загадувач на животната средина во Велес, сметаат екологистите. Таа се најде и меѓу десетте најжешки точки во земјава кои екологистите ги вметнаа во платформата за Зелена Македонија. Но освен згурата извор на загадување е и реката Вардар.

„Нашето еколошко друштво од неодамна е дел од една платформа која ја потпишавме со 25 други еколошки друштва која се вика платформа Зелена Македонија и во неа се детектирани 10-те најжешки точки во државата помеѓу нив секако има и во нашата непосредна околина„ рече Коцевска.

Климатските промени директно влијаат врз неконтролираното загадување на животната средина, сметаат екологистите. Според нив, поројните дождови, обилните врнежи од снег и тропските горештини се резултат на загадувањето од големите индустриски капацитети./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.