„Баскерфест“ од синоќа во Велес (ФОТО)

Објавено на 7 јуни, 2014 во 08:02

На оваа девојка и нејзиниот хулахоп во еден момент беа сконцентрирани сите погледи на присутните во Младинскиот парк. Нејзините вежби подеднакво внимателно ги следеја возрасните посетители и малите деца. Уличниот акробат изведуваше вежби и комуницираше со публиката. Најхрабрите имаа можност да и се придружат и да се обидат да го сторат она што го прави таа.  Токму вака синоќа почна познатиот уличен фестивал „Баскерфест“ што годинава по втор пат се одржува во Велес.

Фестивалот има за цел на граѓаните да им понуди забава на улица. Околу фонтаната во Младински парк настапуваат  улични артисти и музика во живо, , пантомима перформанси, улични танчери и други креативни активности. Она што синоќа се случи велешани ќе имаат можност да го видат само уште вечерва, од 19 до 24 часот и да не платат влезница. Тие што ќе ја посетат манифестацијата ќе се забавуваат како што тоа го направија посетителите синоќа.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.