Силувано малолетно девојче од Тиквешијата
Објавено на 9 јуни, 2014 во 11:29
Родители од Тиквешко село вчера рано утрото пријавиле дека силувана била нивната малолетна керка.
Портпаролката на велешката полиција Анита Стојковска ја потврди информацијата и соопшти дека се води истрага по пријава за полов напад врз малолетник во која има осомничени лица.
– Се работи на расветлување на случајот, рече Стојковска.
Инаку според првични и непотврдени информации станува збор за полуматурантка која била силувана од неколку малолетници. Силувачите биле четворица а силувањето било извршено во автомобил, сопственост на татко на еден од осомничените. Сите тие го познавале девојчето и тоа ги познавало нив.
