Велешките матуранти полагаа матурски а основците екстерни тестови

Објавено на 11 јуни, 2014 во 13:10

Матурантите го полагаа вториот предмет од државната матура. Го преоверуваа знаењето за странски  јазици. Тие полагаа англиски, француски, германски и руски јазик. На крајот од минатиот месец, матурантите полагаа мајчин јазик, а на 13-ти и 16-ти јуни ќе полагаат уште два предмета, еден стручен и математика.

Вчера пак,  по осум дена, заврши екстерното тестирање. Со него беа опфатени учениците од четврто одделение до трета година средно образование. Тие полагаа испити по два предмета. Раководителите на дел од училиштата во градот беа задоволни од тоа како годинава помина екстерното тестирање.

Со екстерно тестирање учениците се соочија од минатата школска година. Тогаш почнаа главоболките за учениците, родителите и наставниците. Се открија бројни нелогичности во прашањата но по реакциите, министерството за образование ги корегираше.

Но ниту годинава екстерното не помина без реакции и забелешки како од учениците така и од наставниците, за кои имаа рок да достават и приговори. Инаку прашањата за екстерното тестирање, министерството за образование ги објави на интернет уште на почетокот на мај, па учениците имаа време да ги најдат одговорите. Освен знаењето на учениците со екстерното тестирање се оценуваше и работата на наставниците. Резултатите од државната матура ќе бидат објавени следниот месец./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.