Се подигнува Рацинова шума на велешката спомен-костурница

Објавено на 14 јуни, 2014 во 13:35

Поетите кои настапија на Поетскиот митинг, составен дел на културната манифестација„Рацинови средби“, гостите од Хрватска, членови на Советот на општината и граѓани ги засадија денеска првите 33 садници во шумата што околу споменикот ќе се подигнува во чест на Кочо Рацин. Засадени се  зимзелени садници како своевидна симболика на возраста кога поетот трагично со загуби животот.

Таму денеска беше и поетот Марко Грегур од Копривница, Хрватска. Тој за прв пат е во Велес и во Македонија но, добро знае кој е Кочо Рацин како и за неговото творештво. Не го сокри своето искрено изненадување од се што родниот град и велешани прават за продолжување на традицијата и одбележувањето на творештвото на поетот.

„Со моите колеги од Хрватска разговаравме и заклучивме дека во иднина кога ќе не прашат за Велес и Рацин ќе кажеме дека оваа манифестација е идејно добро осмислена од сите аспекти, од поетските читања, перформансите низ градот, музичките делови, се тоа е една целина која ми даде едно чувство како никогаш досега. Амбиентот беше одличен, публиката одлична, сето тоа исполнува и навистина се чувствував како никогаш досега“, рече Грегур.

51 Рациновите Средби завршуваат вечерва со проекцијата на филмот „Елегија за тебе“ на авторите Данчо Стефков и Васил Зафирчев во Младинскиот парк./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.