Уште дваесет и деветмина нови спасители ќе ги обезбедуваат капалиштата низ Велес
Безбедно и без страв велешани ќе можат да се капат на Градскиот базен и езерото Младост. Се зголемува бројот на обучани велешани за спасители на вода. Само викендов 29-мина го поминаа практичниот дел, и ако утре ја положат теоријата тогаш ќе се стекнат со титулата спасител. Црвениот крст е организатор на курсот, инструкторите се задоплни од одзивот и вештините кои кандидатите ги покажале.
„Процентот е многу добар. Оие 29-мина кои што денеска го положија практичниот дел можат да одговорат на предизвиците. Секако нив им недостасува искуство ,но спасител на вода се станува томку со времето. Како повеќе ја работата оваа работа така повеќе ќе ја сакаат ,но и ќе бидат подобри во изршување на задачите„ рече меѓународниот инструктор за безбедност на вода, Иле Попов.
Кандидатите на курсот ги научија или доусовршија техниките за спасување, безбедност на вода, нуркање и пливање. Се надеваат дека во најскоро време ќе бидат ангажирани да ги обезбедуваат капачите на капилиштата.
„Поминавме добро на курсот. Инструкторите беа одлични и ние се надеваме дека од наредната сезона ќе превземеме дел од капалиштата да ги обезбедуваме„ рече спасителот Александар.
Курсот за спасители се организираше по програмата од Европската федерација за спасување на вода и се спроведуваше според меѓународни стандарди.
„Велес традиционално со години наназад организира ваки курсеви и можам да кажам дека во градот има една убава традиција за тоа. Ние денеска сме дојдени како еден вид на контрола и од ова што го гледаме сме задоволни. Се се одвива според сите меѓународни стандарди„ рече меѓународниот инструктор на вода, Ѕвонко Секулоски.
Новите спасители ќе бидат дел од единицата за одговор при катастрофи и од Регионалниот центар за безбедност на вода на отворени и заторени капалишта./Д.С
