Велешани со уште една успешна крводарителска акција
Педесетина крвни единици се собраа денеска на крводарителната акција што ја организираа младите на ВМРО ДПМНЕ. Крводарителската акција се одвиваше под мотото „Месец на крводарување“, во организација на Унијата на млади сили. Интересот кај младите да ја даруваат својата крв е голем, но сепак ограничен е бројот на крвни единици, велат организаторите.
Причина за тоа е што оваа крводарителска акција се одржува во сите градови низ земјава, па затоа Институтот за трансфузиологија одлучил бројот на собрани единици да биде ограничен.
„За жал институтов не ограничи и моравме да запреме на 50 крвни единици иако навистина имаше голем број граѓани кои сакаа да ја даруваат својата крв. Затоа и од институтот дојдоа наместо со три како досега, само со една екипа. За жал граѓаните кои ќе дојдат подоцна ќе мора да ги вратиме“, рече Живе Катранџиев.
Организаторите се задоволни од одзивот на граѓаните на сите крводарителски акции што досега ги организирале. Како најголема акција ја издвојуваат пролетната на која се собраа над 160 крвни единици./Д.С
