Базата на велешката подружница на „Македонија пат“ произведува асфалт но не загадува

Објавено на 5 јули, 2014 во 11:34

Базата на јавното претпријатие „Македонија пат“ во моментов не работи но ќе подготвува асфалт континуирано во текот на целото лето како ќе се создава потреба од поправки на патните правци кои ги одржува подружницата во Велес. Техничкиот директор Томе Јаневски вели дека не предизвикуваат загадување на воздухот а производството го димензионираат според потребите од асфалт. Дневно во базата се произведуваат околу 200 тони асфалт. Производството се димензионира според потребите на претпријатието.

Граѓаните кои живеат во населбата Речани не треба да се вознемируваат кога во соседството ќе видат дека работи базата за производство на асфалт бидејќи од пролетва таа е сертифицирана со А интегрирана еколошка дозвола , вели Јанвески. Објаснува дека со неа е потврдено незагадувачко производство кое сега се изведува и со инсталирани нови филтри кои со право и го дале приматот на најдобра база на јавното претпријатие во државни рамки.

„Го завршивме асфалтирањето на магистралниот пат А 1, поранешен 106, на планинскиот превој Плетвар и сега до новата порачка за асфалтирање правиме мал прекин во работата.  Очекуваме работа на друг објект, на државните патишта од страна на порачателот а тоа е јавното претпријатие за државни патишта. Но она што треба да се знае е дека имаме заштитено производство особено важно за животната средина и секако за градот и за велешани кои знаат што е тоа,“ рече Јаневски.

И кога работи базата во неа дневно се произведува асфалт во зависност од потребата на локацијата каде се работи. Техничкиот директор вели дека најголемото дневно производство изнесува 200 тони асфалт како и дека располагаат со залихи на потребни суровини за да одговорат на барањата од претпријатието за државни патишта. Велешката подружница го одржува автопатот од Велес до Гевгелија како и магистралниот пат кон Штип до Сарамзалино./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.