Поранешни „Порцеланци“ со поплака од недолично однесување на вработен во Агенцијата за вработување во Велес

Објавено на 7 јули, 2014 во 13:35

Група стечајни работници на поранешна „Порцеланка“ раскажаа дека наместо одговор на прашањето им следува ли паричен надомест по законот за стечај во Агенцијата за вработување имале вербален инцидент со вработен. Димче Палашев,  Радивое Димовски и Нада Ѓоргиева имале за цел на  состанок  со директорката Валентина Костенова да слушнат дали имаат бенефиции од законот по кој остварија право нивни поранешни колеги.

Тие денеска раскажуваа како вработен во велешката агенција недолично се однесувал со нив.

“Ме нападна бидејќи започнав да му се спротивтавувам на тоа дека ние не сме заслужиле да добиваме паричен надомест, кој е тој мене да ми кажува дали ми следува или не и дали јас сум залужил. Па кој е заслужен ако не јас кој сум работел во Порцеланка цели триесет и три години. Ми налета за да се пресмета со мене, но колегите го спречија овој инцидент”, рече Димче Палашев.

Директорката Костенова не сакаше да разговара со новинари кои сакаа да ја прашаат за поплаката на овие стечајни работници. И на новинарите не им беше дозволено да влезат во зградата. Службеник на влезната врата информираше дека така наредила директорката . Стечајците исто така ни рекоа дека дознале оти не ги исполнуваат условите за паричен надомест.

“Повеќе немало позитивни решенија, не знам од кај и се информациите, на директорката, но нашите биле негативни. Така ни рече иако пред тоа самата потврди дека чека информации од Скопје, дека во Велес ништо не се знаело ниту се решавало“, рече Радивое Димовски.

„Ете сега ништо не добивме иако поинаку ни ветуваа. Вака ли е решен случајот Порцеланка, како што тврдеше премиерот Груевски пред изборите. Едно ни ветува, а сега ништо од тоа. Директорката рече дека ветувањата на премиерот не се исти со законот“, рече Нада Ѓорѓиевска.

Сега тие ќе чекаат решенија и ако во нив пишува дека навистина немаат право на паричен надомест тогаш  се заканија со тужби затоа што сметаат дека исполнуваат права според донесениот закон за надомест за стечајци од државни фирми./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.