Реконструирани се работните простории на Народниот музеј во Велес

Објавено на 10 јули, 2014 во 13:29

Реконструкцијата ја направи локалната установа со сопствени сретства и чини 16.000 евра. Со овие пари саниран е покривот на  музејската зграда и сменети се олуците кои беа причини за појавената влагата во објектот. Исто така санирани се последиците од влагата во Археолошкото одделение на музејот и создадени се услови за правилно  чување на депонираните музејски арте факти.

Реконструкција е направена и на административната зграда на Народниот музеј во која е сменета влезната врата, прозорците, подот и санирани се ѕидовите. Објектот доби целосна топлинска изолација.

Според најавите, музејот, планира да ги реконструира и влезните скали и подрумските простории во административната зграда како и санирање на куќата музеј на Васил Главинов./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.