Општина Велес го зголеми буџетот за над половина милион евра
На последната седница советниците го усвоија Ребалансот со кој се предвидени повеќе пари за реализација на десетина програми. Според комисијата за финансирање и буџет, зголемувањето на средствата е резултат на интензивните градежни работи кои во моментов ги изведува општината.
„Овие измени во буџетот се резулат на интензивните активности што ги реализира и ќе ги реализира општината. Станува збор за капитални проекти“, рече Елизабета Чуповска, претседател на комисија за финансирање и буџет.
Претседателот на Совет на општината, Александар Колев вели дека најголема измена има во програмата за уредување на државното земјиште која со ребалансот на буџетот доби дополнителни 200 милиони денари.
„Најголемото зголемувањее кај градежните активности кои општината ги реализира од почетокот на годинава до сега. Токму затоа буџетот претрпе измени“, рече Александар Колев.
Градежниот сектор влијае на ребалансот на буџетот, сметаат економистите. Градежните работи што се изведуваат на проектите од програмата за уредување на градежно земјиште значат ангажирање на повеќе градежни компании, сметаат тие.
„Зголемувањето на средствата во буџетот значи реконструкција на повеќе улици и водоводни мрежи. Тоа значи и ангажирање на повеќе градежни фирми и на тој начин ќе се подобри економската слика во градот“, рече Виолета Галева, економист.
Дополнителни пари во општинската каса локалните власти очекуваат да се слеат во наредниот период и тоа најмногу од продажбата на парцелите во индустриската зона Караслари.
Инаку со ребалансот на буџетот измени има во програмите за локален економски развој, здравствена заштита и уредување на градежно земјиште. Некои од нив ќе добијат повеќе пари, додека кај други ќе се намали предвидената сума за реализација./Д.С
