Секоја недела на Халкидики, на еднодневно капење и сончање

Објавено на 14 јули, 2014 во 14:57

Маја, Иван, Кристина, Мери, Сандра и Марко беа најголемо и највесело  друштво на вчерашното патување и еднодневно капење на плажата во Неа Каликратија во Грција што го организира  ТА „Невадо“ . Имаа за цел да бидат заедно и да „фатат малку боја“  пред поаѓање на годишен одмор. Капењето во Егејското море е убава активност која веднаш се одразува на линијата, ни рекоа пред поаѓање младите дами од друштвото. Момчињата пак си поставија за цел да испливаат одредена должина во морето што ќе им ја зголеми кондицијата.

Ова друштво вчера беше дел од осумдесетмината туристи на еднодневната тура до туристичкото место Неа Каликратија, кај Солун, во Грција организирано од ТА „Невадо“. Таму агенцијата секоја недела носи туристи. Од Велес  се поаѓа во недела наутро, во 4 часот, од пред Трговски во Нова Населба и од пред Стоковната куќа во центарот на градот . Ако некому не му се спие, попатно во автобусот, е дозволена забава со музика и пеење. Организаторот на патувањето се грижи за утринското кафе. Дозволено е и репете, попатно, во времетраење од четири часа, колку што трае патувањето на кое се прават кратки паузи.

„Прв пат одам во ова туристичко градче. Пријатели ми кажаа дека има убава плажа и чиста вода откако тие лани а еве и годинава скоро секоја недела патуваат со „Невадо“ до Неа Каликратија. Многу се задоволни и затоа денеска јас сум дел од ова патување,“ рече Маја.

„Очекувам убав и сончев ден, водата слушнав дека е чиста. Знам дека не е скапо и затоа одлучив да отидам на капење и сончање. Еве одлично тргна денот, организацијата е супер и ни останува да се забавуваме,“ рече Иван.

Службеното лице на ТА „Невадо“ за неверојатно кратко време ги заврши граничните формалности и влегувањето  во соседна Грција. По автопатот до Неа Каликратија  преостана возење од уште час и половина. Сонцето веќе се појави на хоризонот а туристите велеа дека ги очекува убав летен ден.

Автобусите се паркираа веднаш до плажата во Неа Каликратија. Имаше празни чадори и лежалка  чинеше по 3 евра со вклучено кафе и вода.  На одредени делови од плажата имаше  и одбележани места за туристите кои носеа реквизити  и можеа да ги постават чадорите, простирките и рогузините. По сместувањето сите влегоа во морето. Секој си го користеше како сака престојниот неделен ден.

На околните шанкови се нудеа ладни освежителни пијалоци, пиво и кафе. На плажата се слушаа светски познати музички хитови. Локалните угостители ги канеа туристите да ги пробаат националните грчки специјалитети. Омилените гиро и суфлаки имаа цена од две евра. Евро и половина чинеше парче пица или палачинка. Храна и пијалоци се продаваа на секој чекор.

Неа Каликратија е  мало туристичко место на полуостровот Халкидики , кое е оддалечено од 30 до 35 км од Солун .

Во договореното време за враќање, туристите од вчерашната тура, беа пред автобусите. Најголем број од нив рекоа дека денот беше неверојатно краток и можеше да потрае уште некој час повеќе. Беше очигледно дека на никој од нив не му се враќаше во Велес. Сите велеа дека одлично си поминале, се капеле и сончале, се забавувале. Задоволна  беше и Доне  Алексиќ водач на патувањето на  ТА „Невадо“.

„Најубаво чувство за мене е кога од самите патници ке слушнам дека преубаво си поминале и дека наредна недела пак ке дојдат.  Еднодневно уживање и заборавање на секојдневните проблеми , далеку од жештините во Велес , прекрасна плажа и незаборавен ден тоа е она што можеме да го понудиме на сите граѓани .Се што ви треба е  пасош во рака и добра волја,“ рече Алексиќ.

Додека патувавме назад кон Велес, неколкумина патници во автобусот  веќе ги резервираа своите места во турата што на 20 јули повторно ќе замине од Велес  за Неа Каликратија. До сабота можност за пријавување во ТА „Невадо“ имаат сите љубители на еднодневно капење во море и сончање на егејското крајбрежје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.