Труп на мртов старец откриен во дворот на Гимназијата

Објавено на 17 јули, 2014 во 19:48

Мртов човек е пронајден попладнево во дворот на велешката Гимназија. Како лежи на земја прва го забележала жена која раскажува дека штом се доближила до трупот забележала дека главата на човекот е облеана во крв. Повикала случаен минувач на помош според кого до главата на трупот имало камен па претпоставува дека се работи за насилна смрт.

„До неговата глава има камен во облик на пирамида, а на цела една страна, има крв. Целото негово лице е облеано во крв, многу е повреден, ако е тој човек што јас инаку го познавав сега не можев воопшто да му го препознаам лицето од повредите. Страшно се  вознемирив,“ рече велешанецот Иван Радичев.

Жената го познавала мртвиот маж од пензионерската организација. Таму често се дружеле и присуствувале на манифестации организирани од пензионери.

„ Сташно се возбудив, на првиот човек што го пресретнав му побарав помош. Пријавивме во полиција и викнавме брза помош. Стара жена сум и јас се преплашив, не гледав ни лево ни десно, не видов крв на друго место освен на неговата глава. Стар човек е околу деведесет години, се дружевме како пензионери. Страшна работа, некој викаат дека го отепале други пак дека сам починал само Господ ја знае вистината, “ рече жената очевидец Вера Миџова.

Иако местото  на настанот е фрекфентно и близу главната улица „Благој Ѓорев“ никој не забележал што точно се случило таму, ова попладне. Од полицијата велат дека по завршувањето на увидот ќе се знаат детали за настанот. И од обвинителството за сега не откриваат ништо./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.