Заразени нема но,потребно е големо внимание по појавата на опасната бактерија

Објавено на 22 јули, 2014 во 11:13

Смртоносната бактерија листерија предизвика паника кај населението, но од Центарот за јавно здравје во Велес смируваат, нема регистрирано лице на територијата на општината. Епидемиолозите велат дека станува збор за многу отпорна бактерија која може да преживее на ладно, на топло во солена, па дури и во конзервирана храна.

Најчесто се пренесува со консумирање на производи од животинско потекло, месо, млеко и млечни производи. Но не е исклучена можноста да се пренесе и преку директен контакт со животните.

„Оваа бактерија ја има кај сите животни иако тие не покажуваат симптоми, кај кучиња, мачиња, овци, кози и сл. Може да се пренесе и преку воздух со вдишување на прашина и тоа најчесто каде што има трла, рече д-р Билјана Трајкова, епидемиолог во Центар за јавно здравје Велес.

Заразеното лице може да покаже широк спектар на симптоми, од повраќање, пролив, гадење, болки во грлото и стомакот па се до потешки клинички состојби како менингитис и сепса, велат епидемиолозите. Воглавно се докажува со испитување на крвта. Единствена заштита од бактеријата е добро обработена храна, особено месото и млечните производи, порачуваат епидемиолозите.

„Најважно е добро термички да се обработи храната, особено месото и млекото. Бидејќи и производите од растително потекло можат да бидат контаминирани од страна на животните, неоходно е зеленчукот и овошјето добро да се измие пред да се косумира, рече д-р Трајкова.

Најризична група на граѓани кои полесно можат да ја закачат бактеријата се оние со намален имунитет, но и бремените жени. Затоа лекарите препорачуваат внимателно користење на храната, особено производите од животинско потекло.

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.