Регионалниот синдикат на СОНК во Велес со поддршка на универзитетските професори од Штип
Во знак на поддршка на своите колеги од Штип, од вчеравечер со глад штрајкуваат претседателот и секретарката на регионалниот одбор на СОНК во Велес. Сметаат дека неправедно се отсранети од повисоките функции и тоа од луѓето кои ги потпишале решенијата за нивното унапредување.
„Ние членовите на СОНК сме единствени и сме чувствителни на било што на кого да му се случи. Сметаме дека штитеејќи ги нив се браниме и самите себе. Не може така некој работел 30 години, па ај сега постави друг, рече Перо Јордановски,претседател на регионален одбор на СОНК во Велес.
„Можеби на секого може да му се случи вакво нешто, затоа е поддршката,“ рече Снежанка Манева, секретарка на регионален одбор на СОНК во Велес.
Овие просветни работници сметаат дека одлуката на министерството за образование да се прогласи за ненадлежно е неправедна.
„Не може да немаат надлежност. Државните просветни работници треба да реагираат, рече Перо Јордановски.
Засега педесетина професори и наставници заедно со највисокото раководство на СОНК застанаа зад тројцата професори од Штип кои со глад штрајкуваат веќе дванаесет дена./Д.С
