Вежбаа велешките пожарникари и војниците во касарната

Објавено на 25 јули, 2014 во 13:12

Нема одмор за пожарникарите на велешката територијалната противпожарна единица. И на плус 35 степени се одржуваат во форма и вежбаа гаснење на пожар што избувна во велешката касарна и тоа во објект полн со експлозивни направи. Вака ги обучуваа вработените во АРМ како да се справат во случај на пожар и како да им помогнат на настраданите.

„ Се договоривме со вработените од АРМ за да им ги покажеме показните вежби на противпожарниот вод заради безбедност нивна но и на останатите во градот, рече Љупче Лепидовски, командир на ТТПЕ Велес.

Вработените во АРМ вежбаа како да се справат со пожар на шумски предели и пасишта.

„Денеска извежбавме три вежби, гаснење на пожар во просторија со запалливи материи, шумски пасишта и гаснење на пожар на територија на општината, се со цел да се зголеми безбедноста од овие немили појави, рече Лепидовски.

Велешките пожарникари досега во неколку јавни објекти во градот реализираа вежби за справување со пожар. Локалната библиотека, градинката, ученичкиот дом Лазар Лазаревски се само дел од институциите каде се изведуваа показни вежби./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.