Започна реконструкцијата на автопатот Велес – Катланово

Објавено на 28 јули, 2014 во 14:32

Започнаа градежните работи за реконструкција на автопатот Велес – Катланово кој од денеска наликува на вистинско градилиште. Веднаш по вклучувањето од Велес, фирмата изведувач Штрабак веќе го крши и одстранува стариот асвалт по што ќе постила нов.

„ Предвидено е првен да се работи на споредната и возната лента додека сообраќајот се одвива на другата лента, по што сообраќајот се враќа на реконструираниот и обезбеден дел и ќе се работи на брзата лента. Деловите кои ќе бидат затворени ќе бидат по два километри помеќу мостовите и на тој начин ќе се изведуваат работите,“ рече одговорниот на градилиштето Драгутин Митрович.

Во исто време се реконструираат и мостовите на оваа делница па сообраќајот е отежнат.

23 километарската делница од Велес до Катланово сега е во катастрофална состојба. Меѓу дупките и пукнатините едвај да се најде здрав дел по кој може да се вози. Возачите бараат додека трае едно годишната реконструкција да бидат ослободени од како што велат и онака прескапата патарина.

„Треба да не ослободат од патарините, катастрофа е автопатот, ниту можеме да возиме ни ту да се снајдеме меќу дупките. Наместо ние да плаќаме дрѓавата нам треба да ни плаќа што ги кршиме колите“

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска го означи стартот на работите. Тој вели дека по завршувањето бенефитот за граѓаните ќе биде голем оти ова е еден од најфрекфентните делови од Коридорот 10.

„По завршувањето брзината за патување ќе се зголеми многу, граѓаните нема да ги кршат колите, а ваквите оштетувања се очекувани ако знаеме дека овој дел од автопатот одамна не е реновиран а е многу искористен“ , рече Груевски.

Инаку реконструкцијата ќе чини пет и пол милјони евра, најголем дел европски пари, а освен асвалтирање ќе има и нови заштитници, мрежи за одрони и сигнализација. Рокот за изведба е една година, а гаранцијата е две години./Б.Н

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.