На пријателско кафе, сончање и капење во Неа Каликратија

Објавено на 29 јули, 2014 во 12:21

Туристичкото место Неа Каликратија годинава стана посакувана дестинација за многумина велешани. Таму секоја недела во Егејското море се капат, сончаат и релаксираат се поголем број на граѓани. Анита, Марија, Васе беа дел од капачите изминатата недела кои патуваа со туристичката агенција „Невадо“. Ни рекоа дека близината на туристичкото градче, примамливите цени кои ги нудат угостителите и трговците се  причина за патувањето. “По шесте дена работа, седмиот поточно неделата, ја избирам за одмор и не сум погрешила досега бидејќи местото е одлично, блиску е и може да се одмори со пливање и сончање,“ рече Анита.

Така беше изминатава недела кога автобусите на „Данс експрес“ рано утрината тргнаа кон егејското море. Во нив повеќе познати лица, редовни коминтенти на агенцијата но меѓу нив и нови, на нивни пријатели, колеги и роднини. Она што, во последно време, особено се забележува се организирани женски групи кои меѓу себе се договориле и во недела се дружат, сончаат и пливаат во морето.

„Пријателки сме и се договоривме денеска дружењето да ни биде во Неа Каликратија бидејќи многу наши познаници ни кажаа дека дошле еднаш или повеќе пати и убаво си поминале. Одлучивме и ние да се почестиме со еднодневно патување. Водата е чиста, плажата е уредена, сонцето ни одговара на сите. Испивме заедно кафе и еве сега се договараме со што да се почастиме за ручек, со гиро или суфлаки. Цените ни одговараат,“ рече Пале. Таа и нејзините пријателки на плажата во Неа Каликратија ни соопштија дека вакви дружби ќе организираат и во наредниот месец и секако во септември, се додека ТА „Невадо“ ги организира еднодневните капења во Егејското море.

Најголем дел од капачите, во неделата, беа млади луѓе. Имаше и повеќе семејства  а децата беа највеселите капачи.  За оние граѓани кои сеуште не го посетиле ова туристичко место  неколкуте фотографии подолу говорат за тоа како може да се помине еден убав ден во капење и сончање во Неа Каликратија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.