Нема спас од џиновските скакулци во Велес

Објавено на 29 јули, 2014 во 14:09

Скакулците и понатаму ќе им задаваат главоболки на велешани. Нема кој да се справи со нив, па граѓаните сами ќе мораат како знаат и умеат бидејќи ниедна од институциите не е надлежна да го прави тоа.

Од центарот за јавно здравје велат дека немаат надлежност бидејќи скакулците не биле опасни по здравјето на граѓаните, туку штета им нанесуваат на земјоделските производи, па оттука логично било проблемот да го реши ресорното министерство.

Од општина Велес велат дека ќе соработуваат со министерството за надминување на овој проблем.

„Општина Велес активно ќе соработува во примената на мерките што ќе ги преземе ресорното министерство со логистика и активности што ќе ги добие како насока се со цел што поскоро да се елиминира присуството на скакулците на територијата на Општина Велес,“ рече Катица Чадиев од општина Велес.

Се додека министерството не преземе мерки за уништување на скакулците, граѓаните сами ќе треба да се справат со огромните инсекти долги 15 и повеќе сантиметри. Велешани не паметат кога последен пат градот го нападнале вакви скакулци кои според познавачите, ги има во огромен број поради честите врнежи и влагата во воздухот./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.