По Мостот „Гемиџии“ од денеска се оди и возат автомобили и камиони
Велешани минат и се одвива од денеска сообраќај по мостот Гемиџии во центарот на градот. Дваесет и шест дена пред рокот, фирмата изведувач ја заврши поправката на горниот дел на најфрекфентниот мост во Велес. Градежните работи се добро изведени, за потребите на граѓаните мостот може да функционира иако под него ќе продолжи реконструкцијата вели директорот на ЈП за државни патишта.
„Мостот беше соголен до носивата конструкција, која во целост беше појачана со инјектирање на бетон и со арматура на оние места на која беше целосно уништена. Потоа беше послан афавлт и сега мостот е во стабилна состојба,“ рече директорот Љупчо Ѓоргиевски.
Сега ќе се поправа оградата на мостот но тоа нема да смета на пешаците и на сообраќајот. Исто така работниците на фирмата изведувач ќе работат во долниот дел на мостот на поправката на столбовите, пескарење и други градежни работи. Мостот наместо вгодина во февруари сепак званично ќе биде предаден во употреба во октомври, годинава ветуваат од Јавното претпријатие за државни патишта. Тоа, од државниот буџет, ги обезбеди потребните петстотини илјади евра за комплетната поправката на овој мост во Велес.
Граѓаните кои денеска меѓу првите поминаа преку мостот велат дека се спасиле од заобиколувања а возачите од метежот во сообраќајот кој во изминатите три месеци се одвиваше само по Стар мост.
„Се спасивме од вртењето преку Железен мост или Мало мовче. Вака првично поправениот мост Гемиџии изгледа дека е добро. Порано требаше да го направат,“ рече велешанец.
„ Сега можеме да здивнеме но како беше во изминатите три месеци само ние знаеме. Да се симнеш од Врналиите до долу и да заобиколуваш за да купиш производ што ти треба ич не беше лесно. Поминав по поправениот мост, добар е иако мислам дека ивичниците на мостот требало малку да бидат повисоки,“ рече велешанец.
Особено беше тешко, во изминатите три месеци, да се стигне од едната на другата страна во Велес. Сообраќајот се одвиваше само по Стар мост. Дополнителен метеж создаваше и железничката пруга Скопје – Гевгелија на која деноноќно минат 20 патнички и товарни возови. На минењето на еден воз велешани чекаа по десеттина минути и уште дваесет за да се растерети сообраќајот од долгите колони со возила./Д.С
