Приватните лекари на предупредувачки протсет

Објавено на 5 август, 2014 во 13:31

Три часа нема да издаваат електронски упати за пациентите. Управниот одбор на Здружението на приватни лекари во септември ќе одлучи кога ќе се случи протестот. Незадоволни се од висината на капитацијата бидејќи работат по ценовник кој е стар една деценија и по цена од 50 денари од пациент. Сега бараат 20 денари повеќе. Матичните лекари тврдат дека сите трошоци им се зголемени и не им остануваат пари за подигнување на квалитетот на здравствените услуги.

„Целта ние е да го свртиме малку вниманието на новата влада и дефинитивно да одлучиме на кој начин и како ќе го сториме тоа се со цел да не бидеме испуштени во буџетот за 2015 година, рече претседателката на Здружението, д-р Лили Чолакова Дервишова.

Освен зголемување на цената на капитацијата здружението бара фондот да исплаќа и партиципација за секој пациент. Лекарите се жалат дека задолжителното исплаќање на к-15, дополнителните обврски и давачки се големо оптоварување кое не можат повеќе да го издржат.

„Имаме финансиски импликации врз работењето со задолжителната исплата на к-15. Прашуваме зошто јавната администрација не исплаќа, а ние мораме. Како може законите за едни да важат, за други да не важат. Бараме малку повеќе почит,“ рече д-р Чолакова Дервишова.

Наспроти барањата на приватните лекари од Фондот за здравствено осигурување се децидни, нема планирани средства за зголемување на капитацијата до крајот на годината./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.