Верниците синоќа се собраа во храмот на светицата Петка
Стотици велешани, од вчера попладне до вчера вечер, го посетија храмот и се поклонија пред иконата на светицата Петка под манастирот Свети Димитрија. На денот кога се слави нејзиниот лик и дело верниците и се заблагодарија за заштитата во изминатата и побараа милост, здравје и среќа за себе и своите семејства во наредната година.
Најголем дел од граѓаните, како што налага традицијата, пеш изодија пат долг најмалку 3 километри. Запалија свеќи и седеа во малиот двор на црквата што го носи името на Света Петка а дел од нив беа гости и на вечерата, што ја подготвија граѓаните кои доброволно и секојдневно се грижат за верскиот објект, што беше послужена во дворот. Свештениците на Повардарската епархија одржаа вечерна богослужба.
Верниците попатно го посетија и параклисот посветен на светицата Ана кој се наоѓа веднаш до вливот на Тополка во Вардар. /Д.С
