Има деца на кои им е потребно згрижување во семејство

Објавено на 12 септември, 2014 во 12:43

Освен за своите, семејството Дурмишовски веќе единаесет години се грижи и за туѓи деца. Во нивниот дом моментално се вдомени четири деца без соодветна родителска грижа. Но не се само тие, бидејки ова велешко семејство било згрижувач на уште неколку деца кои откако станале полнолетни, заминале од нивниот дом. Дурмишовски денеска велат дека се среќни што тие повторно се враќаат па макар и како гости.

– Тие повторно се враќаат. Јас сум многу радосен и еве кажувам дека имам внучиња од тие деца што беа згрижени кај мене. Пред некој ден ми беа нагости и се потсетивме на убавите моменти што ги поминавме заедно. Оваа племенита работа ќе ја продолжат и моите деца откако не ќе можам јас. Затоа апелирам до моите сограѓани да се пријават и да земат деца на кои им е потребно семејство, бидејќи имаме целосна поддршка од центрите за социјална помош и од Црвениот крст, рече Исмаил Дурмишовски.

Неговото е едно од оссумте семејства во Велес во моментов кои се згрижени 15 деца. Од центарот за социјани работи велат дека барање за згрижување деца поднеле уште две семејства. Право да згрижуваат имаат оние лица кои ќе наполнат 62 години и не остваруваат пензија по друг основ.

– Целта ни е да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во локални услови, бидејќи се покажа дека тоа дава поголеми резултати од институционалното згрижување. Токму затоа денеска ги повикавме згрижувачките семејства на оваа работилница, да ги кажат искуствата и да ја промовираме оваа акција која е дел од кампањата, „На секое дете му е потребно семејство“, на министерството за труд и социјална политика, рече Нада Трајкова од Центарот за социјални работи во Велес.

Семејството Дурмишовски има најголемо искуство во згрижувањето деца. Од Центарот се надеваат дека нивниот пример ќе го следат уште многу други семејства од градот./Д.С

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.