Советот за превенција и сообраќајната полиција во едукативна контрола на велешките улици
Зелени беџови добија оние кои ги почитуваат сообраќајните правила, додека црвени добија возачите кои ги прекршија. Мотроциклистите денеска беа под лупа на сообраќајната полиција која проверуваше дали се почитува правилото за носење заштитна кацига при управување со мотоцикл. Граѓаните ги знаат правилата, но дел од нив ги почитуваат, а дел ги заобиколуваат.
„Јас редовно ја носам. Знам дека така треба според законот но и се чувствувам побезбеден затоа како што кажав си носам кацига“, рече учесник во сообраќајот.
Лани малолетниците направиле голем број прекршоци, па стапката пораснала за 106 проценти. Затоа надлежните почнаа акции за нивно намалување. Од локалниот совет за детско престапништво и одделението за превенција при СВР Велес очекуваат проектот да даде позитивни резултати.
„При денешната акција забележавме дека има многу граѓани кои ги почитуваат ,но и многу кои ги прекршуваат сообраќајните правила. Ние како совет за превенција имаме за цел да ги намалиме овие вторите. Секако дека очекуваме позивитни резултати од ваквите акции кои ќе продолжат да се реализираат и во иднина,“ рече Живе Катранџиев од Советот за превенција на детско престапништво.
Денешната акција имаше предупредувачки карактер. Од утре наместо беџови ќе се пишуваат парични казни. Оние кои ќе бидат фатени без кацига ќе платат казна од 35 евра, а во сообраќајното досие ќе им бидат заведени 15 негативни поени./Д.С
