Слаб е интересот кај велешани за откажување од пушење

Објавено на 23 септември, 2014 во 12:15

Граѓаните не покажуваат голем интерес за советувалиштето за откажување од пушење. Тоа е отворено пред еден месец во Центарот за јавно здравје а здравствените работници бараат начин како едукацијата за откажување од цигарите да стигнат до што повеќе луѓе. Имаат намера да ги опфатат и средните училишта, во кои како што велат енормно е зголемен бројот на ученици кои цигара во рака држат од мала возраст.

„Со директорите треба да исконтактираме и да се организираме за да им ја покажеме намената на советувалиштето на учениците. Програмата е многу добро изведена, така што треба да ги групираме децата за да не одат заедно со возрасните и да почнеме со советодавниот дел,“ рече д-р Ефтим Димитриев.

Да се откажат од цигарите, во советувалиштето најпрво се обидоа здравствените работници. Предавањата за штетноста на цигарите и насоките за откажување ги следеа седумдесетина вработени во здравствените установи. Но засега не се знае колкумина од нив успеале да се откажат од порокот.

„Случаите на непушење дома се почести, за мене и тоа е успех. Ако двајца излезат надвор за да испушат цигара и не ја загадуваат просторијата дома и тоа е успех. Мора од некаде да се почне,“ рече д-р Димитриев.

Во советувалиштето за откажување од цигари предавања се одржуваат два пати неделно и тие се бесплатни. Отворено е по препорака на министерството за здравство и има за цел да го подобри јкавното здравје во државата./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.