Вардарски плански регион започнува два проекти

Објавено на 23 септември, 2014 во 13:35

Спроведување на кампања за вработување на 15 најдобри студенти во претпријатија на Вардарскиот регион и отворање на електронски портал за младите од овој регион. Ова се двата проекти на кои во иднина ќе работи Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во соработка со програмата за развој на ОН. Проектите ќе се имплементираат во наредните пет месеци, а за нивна реализација УНДП плати 450 илјади денари.

„За прв пат спроведуваме ваков проект. Очекуваме младите да кажат што е она што им е потребно и во иднина да работиме во таа насока,“ рече раководителот на Центар, Марко Колев.

Невработеноста на младите луѓе е предизвик со кој се соочува Македонија, велат од УНДП. Токму затоа на иста маса ги седнаа , бизнисмените, невладиниот сектор и локалните власти, да ги слушнат младите и да најдат излез за нивните проблеми.

„Решението на овој проблем е во тоа што треба да изнајдеме максимален број на партнери на локално ниво. Токму тоа и го направивме со мрежата за инклузивен развој на Вардарскиот плански регион“, рече Луиза Винтон од УНДП.

Клучна алка во реализација на проектите се и првите луѓе на општините од регионот, кои целосно ги поддржуваат и им даваат поддршка.

„Најпрво ќе ги вклучиме младите во работилниците, ќе ги поврземе со јавниот и приватниот сектор и мое лично очекување е дека не само оние млади луѓе што завршиле туку и тие што се уште студираат и се запишуваат на студии ќе добијат можност да ги кажат своите потреби и да дојдат на идеја што тпчно се бара на пазарот на тудот, рече Жанета градоначалник на општина Градско.

Вакви проекти преку мрежата за инклузивен развој ќе се спроведуваат и во Битола и Куманово./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.