По матичната служба, граѓаните бараат во центар да се преместат и службите за пасоши, лични карти и возачки дозволи

Објавено на 23 септември, 2014 во 15:33

Осумдесет изводи од матичната книга на родени и венчани граѓани, вчера издале вработените во матичната служба во новите простории, зградата на Телеком, во Велес. Mатичарите и денеска очекуваа да издадат ист број на документи. Додека бевме во просторијата на матичарите, во која од вчера е преместена оваа служба, граѓаните постојано доаѓаа. Најголем дел од нив рекоа дека се спасиле од трошоците за такси превоз бидејќи старата локација на матичната служба беше на периферијата на градот, во непосредна близина на Топилницата за олово и цинк.

„Јас незнаев дека се преместени. Прво отидов до старото место и таму прочитав каде се новите канцеларии. Исто така ми кажаа и вработените од канцеларијата за лични карти. Поарно што ги донесоа овде, од Јурија до старите канцеларии ми требаа 100 денари за такси во еден правец а сега и пеш ќе се симнам и ќе дојдам да извадам документ, рече велешанка.

„И јас доаѓам од кај Топилница. Одлична е локацијава, строг центар на град, мислам дека треба и другите служби од објектот во кој досега беше сместено матичното да ги донесат поблиску до градот,“ рече велешанка.

Сега граѓаните бараат на локација, поблиска до центарот на градот, да бидат преместении и службите за издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи.

„Еве овде до оваа просторија има уште празен простор, нека ги преместат тука во истиот објект и пак ке бидат сите на едно место,“ рече граѓанин.

Но тие се дел од министерството за внатрешни работи а одлуката да ја направи поблиска до граѓаните матичната служба ја донесе министерството за правда. Некој од граѓаните кои денеска вадеа изводи посочија дека во приземјето на зградата на Телеком има уште една просторија со дополнителен простор кои можат да послужат и за останатите служби на МВР во Велес.

Просторот во кој сега е сместена матичната служба, поранешниот дел за телефонски јавувања на граѓаните од пошта,  е многу поширок од просторот во кој досега работеа матичарите./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.