Приватните лекари од Велес ја бараат капитацијата за јуни од здравствените власти

Објавено на 29 септември, 2014 во 12:39

Матичните лекари во Велес со предупредување кон здравствените власти. Денеска напладне излегоа надвор од ординациите и направија едночасовна пауза. Тогаш го соопштија барањето за што поскора исплата на капитацијата за јуни, годинава. Приватните ординации ја чекаат за да исплатат плата откако на пет ординации во Велес им била исплатена уште на осумнаесети овој месец.

„Сакаме да потсетиме дека матичните лекари не ги наплаќаат услугите за преглед и ако државата не ни плаќа под знак прашање ќе се доведе електронското работење во приватното здравство бидејќи ќе ни ги прекинат телефоните,  интернетите и другите работи кои мораме да ги платиме,“ рече д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на лекари на Македонија.

Матичните лекари бараат сериозни промени во здравствениот систем.

„Бараме промени на начинот на исплата и ако останатите јавни институции земаат месец за месец, не гледам зошто лекарите кои имаат најхумана професија и се грижат за здравјето на граѓаните да не им е платен трудот,“ рече д-р Чолакова.

За подобрување на условите во здравството лекарите неодамна преговараа со здравствените власти. Тие бараа покачување на капитацијата./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.