Вардарски плански регион со проект за враќање на интересот за занаетчиството

Објавено на 29 септември, 2014 во 13:07

Грнчарски производи, народни носии, предмети од електроника и машинството. Ова се предметите кои денеска беа презентирани во ликовниот салон како дел од пректот на Занаетчиската комора на центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Ги изработија учениците од трите средни стручни училишта од Велес, Кавадарци и Неготино. Целта на проектот е што повеќе млади да се ориентираат кон занаетчиските дејности кои за жал станаа минато.

„Ние одбравме постари занаети како грнчарски предмети како белег на градот, народни носии и според она што денес можеме да го видиме на штандовите, иднината на занаетчиството не би требало да биде доведено под знак прашалник, рече извршен директорна занаетчиска регионална комора Велес, Златко Леов.

Голема улога во реализација на проектот одиграле и средните стручни училишта кои се занимаваат со образование на занаетчиски кадри. Тие ги поттикнуваат учениците преку разните работилници да ги засакаат занаетите и во иднина да бидат извор на нивната егзистенција.

„Се обиодовме преку предавања и обуки да ги запознаеме невработените лица за придобивките од занаетчиските дејности и она што Владата го вложува во нив, бидејќи во иднина преку овие занаети можат да го најдат и своето вработување, рече директорот на Вардарски плански регион, Марко Колев.

„Заедништвото дава резултати. Покрај овој проект ние работиме и на други проекти. Овој ќе продолжи и понатаму но овој ќе биде традиционален. Вгодина ќе биде помасовен ќе ги вклучиме и помалите општини се со цел да го зачуваме она што е дел од нашето минато,“ рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Тешка и макотрпна е занаетчиската работа, но причинува големо задоволство, особено кога ќе го видите крајниот резултат, велат учениците кои учат занаети во средното об разование. Во средното стручно „Коле Неделковски“, вклучено во проектот, создадоа два роботи кои преку сензори и реагираат на зададени алгоритми затоа што препознаваат бои. Учениците се автори на компјутерските програми на база на алгоритми.

„Ова е симулација за пренос на производи во фабрики, пренос на куфери на аеродроми. Тешко беше да се направи особено програма , самото прецизирање на аглите,“ рече ученик

„Ова се роботски делови кои преку серија на алгоритми извршуваат одредени задачи. Така задачата на овој робот е преку сензорите вградени во очите да насети неволја и да реагира и да нападне, рече ученикот Љупчо .

Со денешниот отворен ден на занаетчиската комора е завршната фазата на проектот Инфо работилница од проектот за регистрирани и потенцијални занаетчии во кој Вардарскиот плански регион е партнер со Регионалната Занаетчиска  комора и општините Велес, Неготино и Кавадарци. Проектот го поддржа  германското друштво за соработка „Гиз рет“ со триста илјади денари./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.