Велешките лекари добија капитација за јуни, годинава
По вчерашната реакција, матичните лекари ги добија парите за јунската капитација. Здравствените власти уште во текот на вчерачниот ден ја исполниле законската обврска и ги исплатиле лекарите. Тие се надеваат дека вакво нешто во иднина нема да се повтори.
„Сметам дека во иднина нема да се касни со капитацијата и дека сите професионално ќе си ги исполнуваме своите обврски. Во спротивно ќе бевме доведени во ситуација да не можеме да платиме за струја телефон, интернет и сите други работи кои ни се потребни за одржување на електронското здравство,“ рече денска претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија, д-р Лили Чолакова Дервишова.
Матичните лекари вчера излегоа со предупредувачка реакција кон здравствените власти. Бараа да им се исплати капитацијата за јуни и да се смени начинот на исплата и парите за капитација да ги земаат месец за месец. Моментално капитацијата им се исплаќа со законско задоцнување од шеесет дена.
Инаку Здружението на приватни лекари преговараше со здравствените власти за покачување на капитацијата и еднаш месечно граѓаните да плаќаат за здравствените услуги што ги добиваат кај своите матични./Д.С
