Голем број на велешани го посетија инфо денот на германската компанија „Макарт“

Објавено на 4 октомври, 2014 во 12:12

Редици граѓани денеска чекаа пред влезот на Гимназијата во Велес да ја слушнат презентацијата на менаџерите на фабриката „Маркарт“ и да си ја пробаат среќата за вработување. Се запознаа со нејзината основната дејност и аплицираа за работа. Секој од нив со надеж дека ќе биде дел од новата фирма што се гради во индустриската зона во Караслари.

Најголем дел од потенцијалните работници не беа расположени додека оние кои прифатија да дадат изјава рекоа:

„Денеска дојдов да си поднесам CV, јас сум машински инжинер и би сакала да влезам во фирмата во одделот за контрола на квалитет или да се вработам како машински инжинер. Би сакала да допринесам со своето занење. “
„Би сакала да работам како инжинер технолог во производство. Имам 30 годишно работно искуство. Се надевам дека ќе ме изберат, па ќе видиме. “
„Јас аплицирав за електричар на одржавање, долги години работев. Ако ме изберат со среќа и за нив и за мене. “

Над триесет различни работни позиции нуди компанијата. Веќе се регрутирани првите работници кои во ноември годинава треба да заминат на обука во Романија.

„Ние нудиме повеќе од триесет специфични работни позиции кои веќе се отворени, и првите луѓе кои ќе бидат дел од компанијата веќе во ноеври годинава ќе заминат на обука во Романија. Од таму ќе донесат готови производи и со нив на останатите ќе им објасниме што е тоа што ние го работиме. но секако ни се потребни и неквалификувани за да можеме ние да ги квалификуваме, затоа што ние знаеме што точно ни треба, рече Волфганг Ајхер, генерален менаџер.

По цели 24 години во Велес се отвора посериозна инвестиција. Но локалните власти ветија уште десетици странски инвестиции во индустриските зони и отворање на нови работни места.

„Ова е само почеток на инвестиции во Велес. Со смелост можам да кажам дека ќе донесеме уште инвестиции. Во скоро време ќе го објавиме планот за индустриската зона Речани 2, како и за индустриската зона Мамутчево. Така да ќе се создадат услови за нови странски и домашни инвестициии и секако уште многу нови работни места,“ рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Маркарт планира да вработи од 500 до 600 работници во следните пет години. Со производство компанијата би требало да почне во втората половина од следната година./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.