Проработи пумпата и започна испораката на поквалитетна вода за пиење кон велешко езеро „Младост“

Објавено на 6 октомври, 2014 во 12:44

Мотелите и сателитската населба кај езеро од денеска а од април вгодина поквалитетна вода за пиење ќе имаат жителите кои живеат во населените места околу „Младост“.  Општината ја заврши изградбата на водоводната линија и ја изгради пумпната станица. Водоводот е долг  9 километри и изграден со кредит од Светска банка преку министерството за финансии во висина од 42 милиони денари.  Денеска во употреба го пуштија министерот за финансии Зоран Ставревски и градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.

„Овој проект е од големо значење бидејќи три до четири илјади жители од населените места кои гравитираат кон тоа подрачје ќе добијат питка вода, а езерото Младост ќе стане атрактивна локација за изградба на викенд населба, рече вицепремиерот Ставревски.

„Жителите од овие населени места досега се соочуваа со проблем за чиста вода за пиење што денеска конечно го решивме со затворањето на проектот за водоснабдување. Во април месец кон овој систем од Речани, преку Башино Село и Новачани до мотелите и сателитската населба ќе се приклучи и населбата Отовица. Во перспектива се и селата Сујаклари и Мамутчево,“ рече Чадиев.

Градоначалникот соопшти дека денеска завршил  уште еден значаен проект за општината и граѓаните на Велес, поточно замената на старите неефикасни улични светилки со нови економични.

Овие два инфраструктурни проекти чинат еден милион евра. И за двата парите ги обезбеди министерството за финансии преку кредит од Светска банка./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.