Двајца емигранти, браќа Сиријци, загинаа кај мостот на Тополка
Во загинатите ноќеска околу 1 часот удрил товарниот воз што сообраќал на релација Гевгелија – Табановци. На лице место загинале браќата кој биле на возраст од 22 и 23 години. Тие се движеле по пругата во правец кон Скопје. Несреќата го сопрела неколку часа железничкиот сообраќај. Увид на лице место направиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес по што сообраќајот бил нормализиран.
Во Македонија оваа несеќа е петта по ред во која досега загинаа седум бегалци од Блискиот исток. Се случи на јужниот излез на Велес, на неполн километар од населбата Долни Дуќани. Бегалците навреме не го забележале возот. Полицијата ги идентификувала по пронајдените здравствени картони на кои биле запишани имињата на загинатите. Тие немале среќа да стигнат ниту до влезот на Велес кој се наоѓа на нивната илегална рута по која се движат откако ќе влезат во државата. Секоја ноќ нови групи на емигранти пешачат по или покрај пругата и минат низ Велес. По неа продолжуваат кон Скопје за да стигнат до граничниот премин Табановце. Така транзиит ја минат Македонија и влегуваат во соседна Србија./Д.С
