Општината ги соопшти годинешните стипендисти, ученици и студенти

Објавено на 18 ноември, 2014 во 17:09

Ирена Христова ,Тања Славева ,Симеон Иванов ,Игор Кузмановски Стојанче Ѓорчевски, Стефани Ѓорчевска ,Надица Мицева и Елена Најдовска се средношколците кои добија стипендија за престојната наставна година. Тие имаат одличен успех со просек од 5,00 ,но и награди на државни и меѓународни натпревари. Кај студентите најмногу бодови според критериумите на комисијата на општината добиле Страхил Тодоров ,Кирил Дончов ,Даниела Иванова ,Надица Шкрекова ,Маријана Шупевска ,Марија Најдова ,Александра Тодорова и Катерина Стојанова.

Голем интерес за стипендирање имало годинава, велат од комисијата. До нив пристигнале вкупно 40-тина предлози , дел од нив биле одбиени уште во прелиминарната фаза. Големиот интерес е причината поради која надлежните размислуваат општината во иднина да ја зголеми висината на стипндиите или пак да се зголеми бројот на стипендирани ученици.

„Информирана е комисијата за општествени дејности и Советот за овој голем интерс и еден од предлозите на седниците беше да се зголеми висината на стипендии или бројот на овие стипендии. Станува збор за средства кои не се многу големи и во наредниот период ќе се издвојуваат повеќе за оваа намена“ рече претседателот на комисијата за доделување на општински стипнедии Бошко Караџов.

Во наредниот период комисијата ќе направи измени и во правилникот за доделување на стипендии. Ќе се дефинираат нови критериуми и ставки по кои ќе се добиваат бодови.

„Комисијата доби задача да го прочисти овој правилник и за наредната година се воспостави подобар кој ќе се темели на досегашниот за да може да се неутрализираат сите потешкотии и недоумици кои ни се јавуваат при процесот на одлучување, “ рече Караџов.

Средношколците добија по 1 500 денари стипендија додека на студентите општината им додели по 2 000 денари./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.