Нема опасност од поплави, надлежните служби го расчистија мостот кај Башино село од гранки и трупци

Објавено на 20 ноември, 2014 во 14:15

Опаѓа нивото на водата во реките во градот. Водостојот на Вардар е за дваесет сантиметри понизок од вчерашното ниво.

Нема поплавени ниви и други земјоделски површини на критичните места во околните населби кои се наоѓаат во непосредна близина на Вардар. Од Центарот за заштита и спасување уверуваат дека нема простор за паника бидејќи нивото на водата опаѓа во текот на денот.

 

Интензивните врнежи од дожд проблем направија само кај мостот во Башино село, на кој од надојдената река се натрупаа гранки и трупци, па денеска надлежните екипи интервенираа и ги отстранија дрвјата кои се насобраа на носечките столбови на мостот и направија подобар проток на водата.

Не е алармантна состојбата ниту во населбата Превалец, низ која тече реката Тополка. Таму реката во текот на вчерашниот ден се излеала од своето корито само на едно место и поплавила  една нива со жито и дел од фудбалското игралиште, но нема поплавени дворови и куќи. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека будно ја следат состојбата преку екипите кои постојано се на терен. Според нив засега нема опасност од поплави, бидејќи водостојот во реките континуирано опаѓа./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.