Производител на тутун нападнал тројца проценители
Објавено на 29 јануари, 2015 во 13:13
Тепачка во откупен центар за тутун се случила пред два дена во близина на Башино село. Триесет и шест годишниот А. И. од село Бузалково дошол во откупниот центар „АД Алијанса“ и физички се пресметал со тројца вработени како проценители.
Ги удирал со раце и тупаници во пределот на главата. Случајот е пријавен во полиција и службеници излегле на лице место на настанот. Направен е записник за констатиран прекршок а ќе следи и барање за поведување прекршочна постапка за физички напад./У.Ј
