Случајот Ореше заглави на доказниот материјал
Судијата кој го води случајот Ореше, на денешниот главен претрес ги одби барањата на бранителот Ѕвонко Давидовиќ, од списите на доказниот материјал да се отстранат доказите кои биле пронајдени еден месец пред заштитениот сведок да даде изјава. Судијата наведе дека не станува збор за докази кои се прибавени на незаконски начин, бидејќи истите биле обезбедени во предистражна постапка и во оригинал биле доставени до судот.
На судската одлука следеше негирањето на јавниот обвинител кој истакна дека ниедна законска одредба не упатува на потребата за присуство на истаржен судија и јавен обвинител при прибирање на докази за случајот.
Инаку седма година по ред нема разврска за контраверзниот случај Ореше, во кој беше убиен седумдесет и седум годишниот старец Лазо Милошевски. Осомничени за убиството се браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски, кој по четврти пат седнаа на обвинителна клупа во велешкиот суд, откако претходно Апелацискиот суд во Скопје прво ги прогласуваше за виновни а потоа на два пати донесе и ослободителна пресуда.
Пресврт во случајот направи тогаш заштитениот сведок Бреза, кој го откри идентитетот и го смени исказот. Случајот Ореше зад решетки стави и неколку адвокати и судија од Основен суд Велес.
Главниот претрес продолжува на девети овој месец./Д.С
