Во наредните два до три часа ќе се зголемува протокот на вода во Вардар кај Велес

Објавено на 7 февруари, 2015 во 10:42

Две поплавени куќи во кои никој не живее, лоцирани до речното корито кај местото викано Бентот и неколку градини со ран зеленчук под вода, ова е епилогот од вчерашните поројни дождови во Велес. Интензивните врнежи на дожд предизвикаа повторно излевање на водата од река Вардар кај Башино село и ги поплави двете куќи над Башиноселскиот мост.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчерашното невреме проследено со силен дожд направило проблеми и во село Иванковци каде жителите имале проблем со оштетување на водоводната мрежа поради големите наноси од вода и песок. Во наредните три до четири часа се очекува водостојот на Вардар да се зголемува, велат од подрачното одделение во Велес на Дирекцијата за заштита и спасување, но исто така дека нема опасности од ново излевање на реката.

Инаку утрово протокот на водата во Вардар изнесувала 194 метри кубни во секунда што е за 59 метри кубни повеќе од вчерашниот.

Невремето вчера направи проблем и кај Потокот, од кој водата се прелеа на улицата, но не им направи штети на жителите кои претходно биле предупредени. Денеска тој е во стабилна состојба.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.