Компромитирачки фотографии на средношколци, ден пред нивниот протес во Велес

Објавено на 13 март, 2015 во 14:36

Со плакати на кои се дискредитираат членови на Средношколскиот пленум беше излепен утринава Велес. Плакатите осамнаа на дрвја и информативни табли насекаде низ градот во пресрет на средношколскиот марш најавен за утре со почеток во 13 часот.

„Уште вчера се организирале за да го пресретнат нашиот марш и да ги заплашат луѓето да не се појават утре. Очекувавме дека ќе реагираат, но не мислевме дека волку брзо ќе биде тоа. Настанот го организираме само еден ден“, велат организаторите на маршот.

Тие утре ќе протестираат и ќе побараат да се укине екстерното тестирање и да не се воведува математиката како задолжителен предмет во државната матура.

Средношколците и нивните поддржувачи маршот ќе го почнат пред  „Авона“ во 13 часот. Од таму маршот ќе се движи по улицата Благој Ѓорев. Крајна дестинација ќе биде Младински парк каде е предвиден музички настап на ди џеи./У.Ј

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.