Се запали пациент во велешка болница

Објавено на 14 март, 2015 во 15:03

Осумдесет и четири годишниот велешанец Стеван Т се запалил во петокот попладнето во тоалетот на инфективното одделение во болницата. Прв немилата случка ја видел вториот пациент, со кого Стеван ја делел собата.

Човекот рекол дека го разбудил мирисот на огин и кога станал од болничкиот кревет и ја отворил вратата од тоалетот видел дека гори неговиот цимер. Веднаш ги повикал медицинските сестри за потоа да започне обидот да се спаси запалениот старец. Персоналот го изгаснал пламенот во кој горел старецот со наводенети ќебиња и пациентот го префрлил на хирушкото одделение. Таму му била укажана лекарска помош но поради сериозноста на изгорениците, витално загрозувачки по животот на запалениот старец, тој веднаш бил транспортиран на градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Но, Стефан ноќта починал како последица од здобиените изгореници.

Случката, во петокот околу 18 часот и 50 минути била пријавена во полициската станица во Велес. По овластување на јавен обвинител плициска екипа направила увид од кој ќе се утврдуваат причините како дошло до палењето на осумдесет и четири годишниот старец. Тој една недела бил на болничко лекување на инфективното одделение во Велес./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.