Хакирана страната на ЈПВ „Лисиче“

Објавено на 18 март, 2015 во 07:09

Ја нема на интернет веб страната http://jpvlisice.mk/. Од вчера вечер таа е хакирана и наместо информациите за претпријатието и неговата работа стои амблем на УЧК. Над него пишува дека страната е хакирана од група хакери од Албанија кои се преставуваат како Анонимус или „IllyrianWarriors“. Штом се прогугла тогаш може да се открие дека IllyrianWarriors имаат и фејсбук профил на кои се претставуваат како невладина организација која досега успеала да хакира стотина веб страни во регионот.

Од јавното водостопанско претпријатие „Лисиче“ не го коментираат хакирањето на нивната веб страна. Од таму кусо соопштија дека денеска во Секторот за внатрешни работи во Велес ќе поднесат соодветна кривична пријава./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.